| четврток, 6 декември 2018 |

Што сè лекуваат киселата зелка и расолницата

Традиционалната зимница со сите прекрасни природни производи кои ги содржи се вистинско богатство за здравјето на нашиот организам. Ширум светот, нутриционистите се залагаат за враќање на традицијата, односно за природно одгледување на овошјето и зеленчукот, како и за правилно приготвената зимница која ни пружа здраво задоволство во текот на зимата.

Киселата зелка е една од најшироко применуваните зимски продукти, бидејќи изобилува со витамини и минерали (особено со витамин Ц), како и фитоелементи кои се создаваат во текот на процесот на ферментација. Зелката изобилува со витамин Ц, најдобриот сојузник против настинките, како и со моќниот антиоксидант – витаминот Е. Во неа ќе го најдете и витаминот К кој е важен за коагулација на крвта, како и витамините од групата Б. Во киселата зелка се содржи и реткиот витамин У кој помага во лекувањето на чир, како надворешен на кожата, така и внатрешен на желудникот и на дванаесетпалeчното црево. Покрај витамините, зелката е богата и со минерали, особено со калиум, калциум, фосфор, сулфур, железо, бакар, цинк и магнезиум.

podvarok

Ферментираната зелка е супер храна, која ги топи килограмите, го стимулира имунитетот, пребогата е со хранливи материи, го чисти организмот од отрови кои се наталожиле како последица на неправилната исхрана и начин на живот.

Исто така, консумирањето кисела зелка има превентивно дејство од рак на дебелото црево, градите, рак на белите дробови и црниот дроб благодарение на изотиоцианатите кои помагаат во борбата против канцерогени клетки.

kiselazelka-1024x768

Киселата зелка го освежува и разбудува организмот, ја јакне отпорноста на стрес, го стимулира растењето на клетките и ткивата, помага во изградбата на коските, ги балансира маснотиите, ги јакне мускулите и помага во разменувањето на материите во мозокот и нервите.

Кога јадете кисела зелка избегнувајте ги другите многу солени продукти, бидејќи во себе веќе содржи голема количина сол. Зелката не треба да се вари подолго од 20 минути. Киселата зелка е најдобро да се консумира свежа, со додаток на пржен сусам или семки од пченка. Ако е премногу кисела, додадете и свеж компир кој ќе ја впие киселоста.

Расолница против запек

kisela zelka rasolnica

Расолницата, односно сокот од киселата зелка е исклучителен пијалак против тегобите со дигестивниот тракт или против отечените нозе. Расолницата во комбинација со сокот од морков или репа е одличен за сите луѓе кои страдаат од остеопороза. Сокот од киселата зелка помага кај чирот на желудникот или воспалението на дебелото црево. Расолницата е одлично средство за побрзо закрепнување по мамурлакот кој настапува како резултат на бурната ноќ исполнета со алкохол.

rasolnica

Инаку, расолницата го снабдува организмот со натриум, ги чисти цревата и се користи како средство против запек. Освен тоа, комбинацијата на расолница и маслиново масло е добредојдена против камен во жолчката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top