Граничниот премин „Богородица – Евзони“ на македонско-грчката граница по 18 дневна целосна блокада од страна на грчките земјоделци, утрово е делумно деблокиран, изјавија за МИА од дежурната полициска служба на граничниот премин „Богородица“.
На грчка страна тракторите сè уште стојат на местото каде што беа поставени, но таму нема луѓе и едната лента од меѓународниот автопат е слободна за сообраќај на интервентен превоз од страна на автомобили и камиони.
Официјално сè уште течат преговорите на грчка страна со земјоделците што треба да решат дали во текот на денот целосно ќе ја отстранат блокадата на автопатот Скопје – Солун и ќе преземат други мерки за изразување на својот револт откако не им успеаја преговорите со грчката Влада. Поради штрајкот на грчките земјоделци преминот „Евзони“ беше целосно блокиран од 30 јануари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.