| четврток, 6 декември 2018 |

Поранешниот пар очи во очи на суд: Што бара Милан од Северина?

Во овој спор Поповиќ бара нивниот 4-годишен син Александар да живее со него, Северина да плаќа алиментација од 3500 куни (околу 500 евра), како и пејачката да го гледа синот секоја втора недела – од среда до недела.

Северина на рочиштето се појави со својот сопруг, додека пак Милан со неговата адвокатка Елеонора Катиќ. Според медиумите, тие биле расположени кон другите, но ладни еден спрема друг.

Поповиќ до сега секогаш на време се појавуваше на суд, но Северина ниту еднаш – таа секогаш ги праќаше нејзините адвокати. Меѓутоа, овојпат мораше да се појави лично.

Двајцата беа добро расположени. Рочиштето траеше еден час, а пред судницата стоеше полицаец. Судијката го одложи сослушувањето поради подигнување на казнена пријава против Поповиќ“ – изјавил анонимен извор од судот.

Постапката била иницирана од полицијата во Загреб поради пријавата дека Милан се обидел да и го земе синот на Северина. Таа тврдела дека тој не го вратил Александар како што било договорено и дека цели 10 дена не знаела каде се наоѓа тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top