| четврток, 6 декември 2018 |

Седумгодишно девојче побарало работа во Гугл, па добило одговор од извршниот директор

Клои Бриџвотер има само седум години, а веќе размислува за кариера. Ова седумгодишно девојче испратило молба за работа во Гугл, а добило одговор, ни помалку ни повеќе, туку од извршниот директор на компанијата – Сундар Пишаи.

01-devojce-rabota-google-123

Клои во писмото го напишала следното:

„Почитуван шефу на Гугл,

Моето име е Клои и кога ќе пораснам сакам да работам во Google. Исто така, сакам да работам и во фабрика за чоколади и да пливам на Олимписките игри. Мојот татко ми рече дека во Google можам да седам на вреќи за седење и да се спуштам низ тобогани. Сакам компјутери и роботи, а имам и таблет на кој играм игри.

Татко ми ми рече да ви ја испратам молбава. Не сум сигурна што е тоа, но ми рече дека писмото ќе биде доволно. Ви благодарам што го читате моето писмо.“

Набрзо откако го испратила писмото, пристигнал одговор од Гугл, и тоа од самиот извршен директор.

02-devojce-rabota-google-123

„Драга Клои,

Ти благодарам за писмото. Мило ми е што сакаш компјутери и роботи и се надевам дека ќе продолжиш да учиш за технологијата. Мислам дека ако продолжиш напорно да работиш и ако ги следиш своите соништа, можеш да постигнеш што и да посакаш – од работа во Google до пливање на Олимписките игри. Со нетрпение ја очекувам твојата пријава за работа кога ќе завршиш со школување! 🙂

Ви посакувам сè најдобро тебе и на твоето семејство,

Сундар Пишаи.“

Таткото на Клои, Енди Бриџвотер, го објавил одговорот на извршниот директор на својот профил на LinkedIn и стана главна тема на денот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top