Анет е козметичарка и мајка на две деца. Таа тврди дека нејзините силикони со години ѝ го уништувале животот и дека потрошила богатство за нивно отстранување.
Анет Стивенс (48) била блиску до работ на смртта oткако нејзините силикони експлодирале. Оваа Англичанка имала проблеми со градното ткиво кое полека се распаѓало, а силиконските гради ѝ го труеле организмот.
Стивенс потрошила 6000 фунти за отстранување на нејзините скапи силикони. Таа, цели 13 години чувствувала остри болки, имала проблеми со срцето и дишењето и ја губела својата коса. Во меѓувреме, силиконите кои ги имала имплантирано, престанале да се вградуваат откако Велика Британија го забранила со закон.
Овој случај не е прв од ваков карактер – голем број на жени се јавувале со истите проблеми во последните 10 години. Во 2016 година, Анет посетила хирург кој открил дека силиконот ѝ се слеал во крвотокот, и дека ткивото кое служи како заштитен слој, почнало да се распаѓа. Со оваа приказна, таа сака да ги предупреди жените од опасноста од ваквите операции.
Помислив дека ќе умрам. Телото ми се распаѓаше. Знаев дека морам да ги извадам силиконите. Сакав зголемување на градите бидејќи по доењето на своите деца, градите го променија обликот. Само сакав да направам нешто за себе, но веднаш знаев дека нешто не е во ред.
Освен акните и заматениот вид, почнав и да се дебелеам. Бев депресивна и анксиозна” – изјавила Анет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст