| четврток, 6 декември 2018 |

Заработува 223 000 евра годишно чистејќи подови – Никому не му било јасно како

Domar-Liang-Zhao-Zhang1-485x274

Активисти од Калифорнија откриле возач, кој сепак повеќе работи како чистач во една иста компанија, кој стигнал до годишна плата од 223 000 евра, што за споменатите професии во САД не навистина висока сума.

Основната плата која Лианг Жао Жанг ја заработува од својата прва професија е 54 000 евра годишно, плус бонусот од 13 000 евра кој го добива од својата фирма Беј Ер Рапид Транспорт. Но сепак, тој поголемиот дел од своите примања ги заработува работејќи како чистач за што во 2016 бил платен вкупно 156 000 евра.

Според податоците на компанијата, Лианг го користи своето право да работи прекувремено во истата компанија, само на разлиична позиција, а ја користи буквално секоја шанса за да ги сработи и прекувремените часови кои се плаќаат повеќе од радовното работно време. Тој и во 2015 чистел буквално секој работен ден, главно и прекувремено, а помеѓу 2012 и 2015 за својот труд бил исплатен 663 000 евра.

– Нема буквално ниту еден вработен кој сака толку многу да работи. Тој секогаш сите работни задачи ги завршува беспрекорно и сите во компанијата имаме полна доверба во него. Затоа никогаш не ми е тешко да го платам онолку колку што заслужува, изјавил Рој Агиелер од Беј Ер Рапид Транспорт.

Тој додал дека по неговиот премер и други негови колеги се амбицирале и почнале да работат што е можно повеќе прекувремени часови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top