| четврток, 6 декември 2018 |

Кој е планот доколку човештвото оствари контакт со вонземјани?

Поголем дел од човечката историја сме гледале кон небото и сме се запрашувале дали постои живот таму во Вселената, а како што технологијата напредува, станува сè повеќе возможно дека ова прашање еден ден ќе биде одговорено. Но, вистинското прашање е дали сме подготвени за импликациите кои тие одговори би ги донеле?

vest_3_vonzemjani_11

Неколку групи низ светот инвестирале време, напор и ресурси во развивање на научни протоколи за проценка на веројатноста од постоење на вонземски живот, кои, секако, ниедна светска нација формално ги нема прифатено, но тие постојат.

На пример, Дрејковата формула предложена од астрономот Френк Дрејк во 1961, во суштина обезбедува дефиниција која математичарите би можеле да ја користат за да ја одредат веројатноста за постоење на живот во Вселената. Таа вклучува 7 варијабли кои даваат некоја хипотетичка проценка, бидејќи за ниедна од нив не постои дефинитивно потврден податок.

Да речеме дека технолошкиот напредок ни даде способност точно да ги пополниме сите варијабли на Дрејковата формула и се испостави дека посета од вонземјани е неизбежна. Што би се случило потоа?

Организацијата SETI („Потрага по вонземска интелигенција) има цела листа од протоколи кои би се применувале при контактирање со форма на живот од други планети, вклучувајќи нешто што се нарекува (мерна) Скала Рио.

Оваа скала се состои од три варијабли: самиот феномен, начинот на кој што е откриен и на која далечина се наоѓа, и е објективен индикатор за кредибилитетот на ваквите настани (доколку/кога ќе се случат). Така на пример, доколку медиумите не се придржуваат на оваа скала објават дека вонземјани искомуницирале со нас пред научниците да ги имаат сите факти, може да настане масовна паника помеѓу населението.

Договорот за принципи кои се однесуваат на активностите на државите во истражување и употреба на Вселената, вклучувајќи ја Месечината и другите небесни тела вели дека генералниот секретар на Обединетите Нации е тој кој што формално може да комуницира во случај на контакт со вонземјани, доколку таа информација ја добил преку валидни канали.

Се разбира, сето ова е хипотетичко – многу од работите кои сметаме дека ги знаеме за „вонземјаните“ не доаѓаат од цврсти докази туку од некоја наша фикционална замисла за нив и нивната интеракција со нас. Барајќи ги одговорите во врска со вонземјаните, лесно можеме да пронајдеме одговори за самите себе кои воопшто не сме ги ни барале.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top