Во одбрана на актерот Владо Јовановски, застана и неговиот колега Тони Михајловски. -Сите на куп да ве соберам со се мене, не сме му ни до колена на Владо, напиша тој на својот Фејсбук профил.
-Така е. Владо е лошиот. Како смее да испорача таква омраза наспроти љубовта на Перо, Ирена, Ана, Синоличка, Југослав? Оние што ќе отпуштаа, ќе фрлаа во Вардар, ќе рушеа, ќе палеа, ќе распнуваа и ќе бесеа по плоштади. Сите тие се добри луѓе. А Владо? Тој е лош. Бара експлозив.
Се плашите дека ќе го употреби? Прпа малце, нели? Не се секирајте. Не е Владо таков. Одамна го знам. Добар човек е. Христијанин. Ама немојте да му згазнете на жуљ. Лошо ќе си поминете. Знам дека нема. А знаете и вие. Затоа што немате муда да му го кажете тоа во очи. Такви сте. Се знаеме. Та не дојдовте од друга планета мајку му.
А ќе имаме време и во очи да си кажеме што си мислиме. Ќе не сретне професијата на некое сетче, сцениче или сцениште. Ја не знам што толку имате потреба тука да се јачате и да делите емоции?:)
И да не заборавам, сите на куп да ве соберам со се мене, не сме му ни до колена на Владо. Како глумци, напиша Михајловски на својот Фејсбук профил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст