| четврток, 6 декември 2018 |

Најмалку 150 граѓани се затруле од сулфурна киселина во Германија

Најмалку 150 граѓани имале тешкотии при дишењето по истекувањето на сулфурна киселина од танкер на хемиска постројка во градот Оберхаузен во западна Германија, јавуваат локалните медиуми.

По откривање на хаваријата локалните власти ги евакуирале граѓаните што живеат во близина на постројката, а на другите им се советува да не ги напуштаат своите домови.

Според противпожарната служба во Оберхаузен, досега околу 150 луѓе се третирани од службите за итна помош поради респираторни проблеми, но само двајца биле пренесени в болница.

Истекувањето на опасната хемикалија се случило во објект на фирмата „Хам хемије“ каде што во специјален танкер се чувале 600 кубни метри 96 отсто сулфурна киселина, а кој, според противпожарната служба, сега е целосно празен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top