Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Европска филмска, театарска и танцова академија – Скопје е организатор на интернационалниот симпозиум насловен: „Хамлет и Европа – Да се биде или не!“.
Дводневниот симпозиумот свечено ќе започне на 20 Февруари, понеделник во 12 часот, со настапот на претседателот на Европската академија на науките, уметностите и книжевностите, Жан-Патрик Конрад, професор од Ројал колеџ од Лондон. Свои обраќања ќе имаат и директорот на Националниот театар од Букурешт, познатиот романски режисер и актер Јон Карамитру, како и ректорот на Универзитетот за аудиовизуелни умнетности Јордан Плевнеш, на темата „Хамлет и Македонија – Да се биде или не!“
На настанот, поздравна реч ќе има и професорот Мето Јовановски, (Хамлет од 1977 година), а ќе се претстават и сите македонски Хамлети почнувајќи од Ацо Стефановски, преку Сефедин Нуредини, па до Дејан Лилиќ, преку фотопроекција на професорот Роберт Јанкулоски, илустрирана со сонгот на Горан Трајковски „Хамлет на светот убавина“. Следниот ден Македонските „Хамлети“ ќе одржат работилница на која ќе биде претставена и магистерската теза на Валентино Светозарев „Шекспир засекогаш“.
Специјални гости на настанот се балканските автори Градимир Гојер, Владислав Бајац, Алек Попов, Башким Шеху, Анастасис Вистонитис и Александар Прокопиев, кои под претседателство на Јон Карамитру ќе ја одражат конститутивната седница на Academia Balkanica Europeana, со седиште во Букурешт, нова институција на балканските духовни мостови во европските интеграции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст