| четврток, 6 декември 2018 |

Редовно земање витамин Д спречува настинки и грип

Редовно земање витамин Д може да им помогне на милион луѓе во светот кои секоја година заболуваат од настинки и грип, покажува новото истражување.

Научниците од Универзитет во Лондон тврдат дека конзумирање на таканаречниот „сончев витамин“ помага во развојот на коските и мускулите, но ги штити и респирраторните органи од запаление.

Биле анализирани податоци од 11 илјади лица во 14 земји и заклучено е дека витаминот Д може да спречи запаление на респираторните органи.

– На пример, да ја земемем Велика Британија во која има 65 милиони луѓе, а 70 отсто од нив барем еднаш имале акутна респираторна инфекција секоја година, земањето витамин Д на дневна или неделна основа би помогнало 3,25 милиони луѓе да заболат од грип. Внесот на витамин Д низ храната е минимален, а жителите на некои земји скоро и да го немаат во организамот. Но, затоа овој витамин, во таблекти, може да спречи некои здравствени тегоби – изјави професорот Адриан Мартино.

Здравствените организации на европските земји истакнуваат дека Европјаните не внесуваат препорачна доза од овој витамин (10 милиграми) дневно кога нема сончева светлина.

Настинките и грипот се најчесто во зима, кога нивото на витамин Д е најниско. Инфекциите на респираторните тракт влијаат на синусите, грлото и белите дробови, а тегобите може да траат и 30 дена.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top