| четврток, 6 декември 2018 |

Про­те­сти на Гр­ци­те, гла­во­бол­ки за Ма­ке­дон­ци­те!

 

blokada

Грч­ки­те зем­јо­дел­ци штрај­ку­ва­ат со де­но­ви и це­лос­но го бло­ки­раа транс­пор­тот пре­диз­ви­ку­вај­ќи ште­ти за ма­ке­дон­ски­от биз­нис кои до­пр­ва ќе се пре­бро­ју­ва­ат. Се­пак, из­вес­но е де­ка се ра­бо­ти за ми­ли­он­ски су­ми. Бло­ки­ра­ње­то на гра­нич­ни­от пре­мин „Ев­зо­ни“ ги оште­ту­ва на­ши­те транс­пор­те­ри и ком­па­нии, за кои за­о­би­кол­ни­те па­ти­шта ќе зна­чат и по­ви­со­ки тро­шо­ци и це­ни за пре­воз, кои ни­кој не е под­го­твен да ги по­крие. Сто­пи­ра­ни­от транс­порт ќе зна­чи па­ра­ли­зи­ра­ње на функ­ци­о­ни­ра­ње­то на це­ло­то ма­ке­дон­ско сто­панс­тво, а мо­жен е и не­до­стиг од не­кои про­из­во­ди, ка­ко што се на­фте­ни­те де­ри­ва­ти. Од „Окта“ по­со­чу­ва­ат де­ка си­ту­а­ци­ја­та е алар­мант­на за­што ед­на не­де­ла три­е­сет ци­стер­ни че­ка­ат за влез во зем­ја­ва на гра­нич­ни­те пре­ми­ни, но рам­пи­те оста­ну­ва­ат спу­ште­ни за ка­ми­о­ни­те со го­ри­во. „Ев­зо­ни“ е за­тво­рен за со­о­бра­ќај, а ци­стер­ни не по­ми­ну­ва­ат ни­ту на гра­нич­ни­от пре­мин „До­јран“.
– Си­ту­а­ци­ја­та е алар­мант­на, имај­ќи пред­вид де­ка на­то­ва­ре­ни­те ка­ми­о­ни, кои оста­ну­ва­ат пар­ки­ра­ни без да се исто­ва­рат, прет­ста­ву­ва­ат не­без­бед­на си­ту­а­ци­ја. До­кол­ку не­ма на­вре­мен од­го­вор од ре­ле­вант­ни­те јав­ни ин­сти­ту­ции, на­бр­зо ќе ги по­чув­ству­ва­ме пр­ви­те зна­ци на кри­за со го­ри­во. Тоа зна­чи де­ка е по­треб­но ре­ше­ние вед­наш имај­ќи ги пред­вид по­стој­ни­те ре­зер­ви на го­ри­во, ка­ко и тоа де­ка не сме си­гур­ни кол­ку дол­го ќе трае бло­ка­да­та – ве­лат од „Окта“.

Де­ка не­ма да има кри­за со го­ри­во убе­ду­ва ми­ни­сте­рот за еко­но­ми­ја, Дри­тон Ку­чи, спо­ред ко­го  бло­ка­да­та е вна­тре­шен проб­лем на Гр­ци­ја и по­стои на­деж де­ка што ско­ро ќе се ре­ши. При­тоа тој по­тен­ци­ра де­ка над­леж­ни­те ќе на­пра­ват сѐ за да не дој­де до кри­за.

– Ќе се ин­тен­зи­ви­ра­ат со­ста­но­ци­те за над­ми­ну­ва­ње на проб­ле­мот со спре­че­ни­от транс­порт на на­фта од Гр­ци­ја кон Ма­ке­до­ни­ја по­ра­ди бло­ка­да­та на ма­ке­дон­ско-­грч­ка­та гра­ни­ца од стра­на на грч­ки­те зем­јо­дел­ци. Се­ка­ко ќе спре­чи­ме да дој­де до ка­ква би­ло кри­за – наг­ла­си Ку­чи.

За­се­га не е го­ле­ма ве­ро­јат­но­ста од на­фте­на кри­за во зем­ја­ва, со ог­ле­да на тоа де­ка „Окта“ е глав­ни­от увоз­ник, но ту­ка е и „Лу­ко­ил“, а ру­ска­та ком­па­ни­ја ја уве­зу­ва на­фта­та пре­ку Бу­га­ри­ја. Пра­тки­те со на­фте­ни де­ри­ва­ти мо­же да се вне­су­ва­ат пре­ку пре­ми­ни­те „Дел­че­во“ и „Но­во Се­ло“.

Транс­пор­те­ри­те ве­лат де­ка ште­ти­те ќе се пре­бро­јат ко­га ќе за­вр­ши бло­ка­да­та. До­то­гаш апе­ли­ра­ат да се ко­ри­стат ал­тре­на­тив­ни­те па­ти­шта иа­ко тоа ќе зна­чи и по­ви­со­ки тро­шо­ци за транс­порт.

– Во овие те­шки ус­ло­ви на вр­ше­ње пре­воз, апе­ли­ра­ме до увоз­ни­ци­те да одо­брат по­ви­со­ки це­ни за пре­во­зот за да мо­же да се ко­ри­стат и ал­тер­на­тив­ни­те па­ти­шта за до­тур на сто­ка­та не­оп­ход­на за функ­ци­о­ни­ра­ње на на­ше­то сто­панс­тво – ве­лат од Асо­ци­ја­ци­ја­та на пре­воз­ни­ци „Ма­кам-транс“.

От­та­му ги по­ви­каа сво­и­те член­ки да ба­ра­ат ал­тер­на­тив­ни па­ти­шта и да ги ко­ри­стат гра­нич­ни­те пре­ми­ни „Ме­џит­ли­ја“, „Но­во Се­ло“ и „До­јран“. Се­пак, си­ту­а­ци­ја­та мо­же да се про­ме­ни на­ско­ро, и тоа на по­ло­шо.

– Тоа зна­чи по­ми­ну­ва­ње на по­дол­га мар­шру­та, при што е нор­мал­но да дој­де до зго­ле­му­ва­ње на це­ни­те. Тре­ба да се има пред­вид де­ка зем­јо­дел­ци­те се за­ка­ни­ле со бло­ки­ра­ње и на овие па­ти­шта – ве­ли ге­не­рал­на­та се­кре­тар­ка на „Ма­кам-транс“, Би­ља­на Му­ра­тов­ска.

Освен транс­пор­те­ри­те, ште­та тр­пат и до­маш­ни­те ком­па­нии – увоз­ни­ци и пре­ра­бо­ту­ва­чи. Во со­лун­ско­то при­ста­ни­ште се заг­ла­ве­ни око­лу 120 ил­ја­ди то­ни сто­ка за Ма­ке­до­ни­ја, ко­ја не мо­же да би­де ис­по­ра­ча­на до крај­на­та де­сти­на­ци­ја. Ста­ну­ва збор за ни­кел, јаг­лен, че­лик, сол и дру­ги су­ро­ви­ни на­ме­не­ти за ма­ке­дон­ска­та ин­ду­стри­ја, што го вклу­чи и алар­мот во Сто­пан­ска­та ко­мо­ра на Ма­ке­до­ни­ја. Пре­тсе­да­те­лот на СКМ, Бран­ко Азе­ски, упа­ти ур­гент­ни до­пи­си до пре­тсе­да­те­лот на Уни­ја­та на грч­ки тр­гов­ско-ин­ду­стри­ски ко­мо­ри, Кон­стан­тин Ми­ха­лос, и до ам­ба­са­до­рот во Ма­ке­до­ни­ја, Ди­ми­три­ос Ја­на­ка­кис. По­ба­ра вед­наш да се вклу­чат во ре­ша­ва­ње на проб­ле­мот со цел нор­ма­ли­за­ци­ја на со­о­бра­ќај­ни­те вр­ски.

-Си­гу­рен сум де­ка ќе се сог­ла­си­те оти ва­кви­те со­стој­би не­га­тив­но се одра­зу­ва­ат врз еко­ном­ско-фи­нан­си­ско­то ра­бо­те­ње на ком­па­ни­и­те од две­те зем­ји и ако не се нај­дат со­од­вет­ни и на­вре­ме­ни ре­ше­ни­ја, мо­же да пре­диз­ви­ка­ат до­ло­горч­ни не­га­тив­ни пос­ле­ди­ци врз на­ши­те на­ци­о­нал­ни еко­но­мии. Имај­ќи пред­вид де­ка е не­из­вес­но до ко­га ќе трае бло­ка­да­та, не иск­лу­чу­вај­ќи ја и мож­но­ста си­ту­а­ци­ја­та да еска­ли­ра и кон дру­ги­те гра­нич­ни пре­ми­ни ме­ѓу две­те зем­ји, Сто­пан­ска­та ко­мо­ра на Ма­ке­до­ни­ја апе­ли­ра за ин­тен­зи­ви­ра­ње на кон­та­кти­те со над­леж­ни­те ор­га­ни, ин­сти­ту­ции и вли­ја­тел­ни фа­кто­ри, на вна­тре­шен и ме­ѓу­на­ро­ден план, во ба­ра­ње­то по­мош за нор­ма­ли­зи­ра­ње на со­стој­би­те и соз­да­ва­ње ус­ло­ви за не­пре­че­ни де­лов­ни ко­му­ни­ка­ции – на­ве­де Азе­ски во обра­ќа­ње­то до Гр­ци­те.

Од до­пи­сот на Азе­ски мо­же да се зак­лу­чи де­ка има нај­а­ви за до­пол­ни­тел­но ра­ди­ка­ли­зи­ра­ње на штрај­кот на грч­ки­те зем­јо­дел­ци, со бло­ка­ди и на дру­ги­те гра­нич­ни пре­ми­ни, што мо­же да ја па­ра­ли­зи­ра раз­ме­не­та ме­ѓу две­те зем­ји и ќе нѐ отсе­че од грч­ко­то при­ста­ни­ште, што зна­чи де­ка до­маш­ни­те ком­па­нии ќе мо­ра да се пре­о­ри­ен­ти­ра­ат кон ал­тер­на­тив­ни­те при­ста­ни­шта, што би зна­че­ло и до­пол­ни­тел­ни тро­шо­ци.

– Во ус­ло­ви на кон­ти­ну­и­ра­ни бло­ка­ди и штрај­ко­ви тре­ба да се отво­рат и дру­ги мож­но­сти за ком­па­ни­и­те пре­ку ус­ло­ви­те кои ги ну­дат дру­ги­те при­ста­ни­шта – апе­ли­ра­ат од Сто­пан­ска­та ко­мо­ра на Ма­ке­до­ни­ја, со ог­лед на тоа де­ка на­ше­то сто­панс­тво и транс­пор­те­ри­те че­сто се со­о­чу­ва­ат со проб­ле­мот на бло­ка­ди во Гр­ци­ја. Са­мо ми­на­та­та го­ди­на ма­ке­дон­ска­та же­лез­ни­ца пре­тр­пе ште­та од 5 ми­ли­о­ни евра по­ра­ди штрај­кот на грч­ки­те же­лез­ни­ча­ри

Текстот е објавен во неделникот Република бр.232

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top