Паулина Елиот Самнер е 26-годишната ќерка на познатиот Стинг и британската актерка Труди Стајлер. По стапките на својот славен татко таа продолжи во музичките води и настапуваше под уметничкото име Коко,а има и свој рок бенд „I Blame Coco“,. Пред неколку години, Елиот се пронајде и во електронската музика и почна да настапува како диџеј. Во Скопје доаѓа со дј сет, но речиси никој не знае дека позади Dj Vaal, се крие ќерката на Стинг.
Стинг многу одамна изјави дека сака неговите деца сами да заработат за живот, а неговата ќерка Елиот тоа сериозно го има сфатено. Веќе со години живее сама и заработува од настапи. Како Dj Vaal, ужива голема популарност на европската електронска сцена, а се до лани никој не знаеше која е мистериозната девојка со безбол капче и пуштена коса која прави толку добри забави. Конечно тајната е откриена, а Самнер сигурно ќе може да ја забележите и по скопските улици поради нејзиниот уникатен изглед. Наредниот викенд ( 25.02) настапува во клубот „Епицентар“, како дел од европската турнеја.
Родена во Пиза, израсната во Британија, 20-тите години од животот, Елиот ги поминува по хотели настапувајќи од град во град, а за првпат доаѓа и во Македонија. Андрогената диџејка и пејачка во 2009 година го има загубено сетилото за мирис поради повреда на мозокот во сообраќајна несреќа. Не сака повеќе да ја нарекуваат ќерката на Стинг и Труди и луѓето да ја знаат по тоа, туку дава се од себе да остави свој печат на музичката сцена и да ги добие заслугите за она што навистина е, а не поради тоа што е ќерка на познати личности. Самнер е скромна девојка, но не и обична, нејзината појава е инспирација за многу фотографи кои велат дека уживаат да ја фотографираат Елиот бидејќи има специфични андрогени црти. Не признава етикетирање по пол и сексуалност, вели дека сака да биде позната како музичарка, а не по нејзиниот пол или пак сексуална ориентација. Таа како и Руби Роуз се вбројува помеѓу ѕвездите кои не сакаат точно да го прецизираат дали повеќе се доживуваат како жена или маж.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст