| четврток, 6 декември 2018 |

Намалена работата на македонските градежници во странство

gradi

Вкупната вредност на договорените градежни работи во странство во периодот јануари­-декември минатата година изнесувала 2.780.107.000 денари, што е за 26,9 проценти помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Како што објави денеска Државниот завод за статистика, во периодот јануари­-декември градежната оператива од Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 2.395.517.000 денари, што е за 19,4 проценти помалку во споредба со истиот период од претходната година. Во истиот период е забележан зголемен обем на извршените градежни работи во Словенија, Босна и Херцеговина и Германија, додека на другите пазари е регистриран намален обем.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top