| четврток, 6 декември 2018 |

Премиера на „Трејнспотинг 2“ во кино „Милениум“

Премиерата на долгоочекуваното продолжение на филмот кој остана врежан во колективната меморија на генерациите растени во 90-тите години од минатиот век, „Трејнспотиг 2“ е закажана за утре, 16. февраури во кино „Милениум“ на отворањето на Фестивалот на британски филм „ПлејЈуКеј“ во 20 часот.

Креативната екипа на филмот е речиси непроменета. Режијата е на Дени Бојл, а во главните улоги настапуваат: Ијан Мегрегор, Кели Мекдоналд, Џони Ли Милер, Стивен Робертсон и други.
Од следниот четврток, 23. февруари филмот ќе биде поставен и на редовниот репертоар на кино „Милениум“.
Фестивалот на британски филм ќе продолжи со својата програма во кино Фросина(МКЦ), од 17.02. (петок) до 19.02. (недела).
Уште две премиери на актуелни филмски остварувања најавува скопското кино „Милениум“. Тоа се: кинеско-американската копродукција „Големиот кинески ѕид“ како и хорор-филмот „Прстени“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top