| четврток, 6 декември 2018 |

Литванија забрани децата физички да се казнуваат

Во Литванија е забрането децата физички да се казнуваат. Парлементот на таа земја вчера усвои целосна забрана за физичко казнување на децата.
Измените во законот по ова прашање беа донесени без ниту еден глас „против“ од пратениците во Долниот дом на парламентот.
Гласањето се одржа еден месец по смртта на четиригодишно момче, кое беше претепано до смрт од неговата мајка и нејзиниот пријател, случај кој ја потресе балтичката земја. Анализите на крвта покажале дека тие двајца зеле метамфетамин пред да го претепаат детето.
Меѓународната организација за заштита на човековите права „Хјуманс рајт воч“ го поздрави новиот закон, со кој Литванија стана 52. земја во светот која забранува физичко казнување на децата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top