| четврток, 6 декември 2018 |

Најновата листа со најбараните професии во странство

Секоја година, развиените земји како Германија, Швајцарија, Австрија, Канада, Нов Зеланд, Австралија и скандинавските земји ја објавуваат листата со најбараните, односно дефицитарните професии, што е еден вид на повик за лицата од другите земји обучени за тој вид на работа.

Меѓу нив се професии од системот за здравствена заштита, како менаџери за здравствена заштита и медицински сестри или бабици, но и возачи, заварувачи, разни видови на инженери, автомеханичари, архитекти, пекари.

 

Нов Зеланд

1. Столари и работници со дрво

2. Механичари за камиони/дизел механичари

3. Мајстори за изработки од гипс

4. Возачи на камиони

5. Цивилни работници на патиштата, канализација, одвод

Австралија

1. Градежен инженер

2. Изведувач

3. Инженер

4. Менаџер на производство во рударство

5. Менаџер на детски центри

6. Медицински администратор

7. Главна сестра

8. Менаџер за примарна здравствена заштита

9. Менаџер на центар за социјална работа

10. Сметководител

Шведска

1. Градежни работници

2. Оператори во фабрика

3. Фармацевти

4. Терапевти

5. Архитекти

6. Пекари

7. Бабици

8. Медицински сестри

9. Возачи на автобуси

10. Бармени

Австрија

1. Работнци на машини за мелење

2. Техничари со инженерски познавања од механика

3. Работници во градежништво – различни профили

4. Изработувачи на производи од метал

5. Техничари со инженерски познавања за анализа на податоци

6. Техничари со инженерски познавања од енергетиката

7. Инженери во механика

8. Монтери на кровови

9. Инженери во енергетика

10. Дипломирани инженери за обработка на податоци

Германија

1. Работници со метални конструкции

2. Заварувачи

3. Професионалци во областа на мехатроника

4. Професионалци во областа на автоматски технологии

5. Професионалци во областа на електрични машини

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top