На бугарската армија и недостигаат околу 5.600 војници за целосно комплетирање на својот армиски состав, изјави в.д. началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Бугарија, вицеадмиралот Емил Ефтимов. Како главни причини за недостигот на кадри во Армијата, Ефтимов ги посочи материјално техничката опременост, но и висината на платите на војниците.
Сепак, според Ефтимови, и покрај ограничените метеријални и финансиски ресурси, бугарската армија минатата година спровела успешна обука и обебзедила високо ниво на оперативна способност на нејзините припадници.
Тој потенцира дека само во текот на 2016 година бугарската армија организрала над 250 воени вежби, како и дека нејзините припадници биле вклучени во повеќе акции за справување со последиците од природни непогоди и за помош на настрадано население.
– И покрај сите проблеми армијата го задржа својот потенцијал и е во состојба да го гарантира националниот суверенитет, истакна Ефтимов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.