
Медиумите наведуваат дека тој во текот на сослушувањето во судот рекол дека пред нападот во ноќниот клуб “Reina” не извел ниеден друг напад, како и дека цел му било “да изведе напад на христијани во текот на нивниот празник, како одмазда поради нивното убивање ширум светот”.
Напаѓачот Абдулгадир Машарипов првобитно признал дека имал намера да изведе напад на плоштадот Таксим, но ја променил одлуката подари силните мерки за обезбедување во таа област.
Машарипов бил уапсен на 16-ти јануари во Истанбул и официјално обвинет за членство во вооружена терористичка група, масовно убиство, поседување на тешко вооружување.

Во текот на сведочењето, тој на властите им кажал дека повеќе сака да добие смртна казна, како и дека не се кае за тоа што го направил.
Во Турција смртната казна била укината во 2002-та година, како дел од процесот на преговорите за членство на Турција во ЕУ, и повторното воведување на таква казна веројатно би го прекинало преговарачкиот процес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


