Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денеска во 12 часот во Советот на јавни обвинители ќе одговара на прашањата на Советот зошто Специјалното јавно обвинителство го повлече обвинението за предметот „Пуч“.
Претседателот на Советот, Петар Аневски, потврди дека Јанева е повикана по нивно барање да ги образложи причините зошто се откажа од обвинението за „Пуч“.
СЈО го повлече обвинението во јануари, а две недели подоцна Советот ги побара списите за овој предмет, во кој меѓу обвинетите беше и лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.