Најжешката глобална ѕвезда во моментов, Мартин Герикс првпат како светски број еден диџеј доаѓа во регионов и тоа како хедлајнер на фестивалот „Скопје колинг 2017“, објави „Авалон продукција“.
По феноменалниот почеток на „Скопје колинг“ лани, со настапите на хитмејкерите Давид Гета, Робин Шулц и Кунгс, годинава Скопје ќе биде домaќин на човекот којшто е најголема ѕвезда во светот во моментов.
Настапот на Мартин Герикс ќе се одржи во рамките на фестивалот „Скопје колинг“ на 23 јуни, на ребрендираниот стадион „Филип Втори“ (Телеком aрена).
Иако има само 20 години, Герикс со години е неизоставен дел на сите големи фестивалски сцени во светот, како: Coachella, Ultra Music Festival, Tomorrowland и други, каде што настапува единствено како хедлајнер. Светската слава ја стекнува на 17-годишна возраст, со мега-платинестиот хит „Animals“, а во моментов е актуелен со хитовите „In the name of love“ со Bebe Rexha и „Scared to be lonely“ во соработка со популарната Dua Lipa, кои буквално ги покорија сите европски и светски топ-листи.
Пред диџеј сетот на Герикс, на фестивалот ќе настапат и повеќе имиња, меѓу кои и уште еден светски артист, како и диџеи од регионот кои ќе ја отворат вечерта.
Сите детали околу цените на влезниците ќе бидат објавени во понеделник на 20 февруари, во 21 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст