Ракави во различни облици
Осумдесеттите години се голема тема кога се во прашање трендовите за оваа пролет. Минатото беше инспирација за голем број модни креатори. Надуените ракави на кошулите се појавуваат во разни облици и варијанти, а овие ракави ги има и на јакните, блузите, маиците..
Долги кошули
Многу манекенки носеа кошули во облик на фустан на претставувањето на пролетните колекции.
Костуми
Мини-здолништа
Мини-здолништата се повторно актуелни. Многу дизајнери ги прикажаа во своите колекции, а ако сакате да бидете во тренд, комбинирајте ги со облека со нагласени раменици или со надуени ракави.
Бохо
Овој стил беше голема тема минатата пролет, а не изостанува ниту оваа година иако ќе го носиме на многу помодерен начин.
Кадифе
Кадифето беше еден од поголемите трендови во минатата сезона, а се чини дека ќе продолжи и во следните денови на пролетта и на летото, ако се суди според колекциите на многу дизајнери.
Предимензионирана облека
На ревиите кај многу колекции на модните дизајнери можевме да видиме предимензионираност во разни облици и слоеви. Ова не е вид облека што може да се носи секој ден, но може да послужи во посебни пригоди ако сте доволно храбри.
Мантил
Пролетта не може да помине без класичен мантил за дожд. Тој е безвременски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст