Во жарот на расправија кажуваме многу нешта кои и не ги мислиме, но и тоа што врие во нас извесен период. Некои коментари изговорени во афект брзо ќе бидат заборавени, но некои може да нанесат толкава штета која ниту извинување не може да ја поправи.
1.Не ти верувам
Овие зборови најчесто го изговараат жените кои се сомневаат, а може многу да заболат, особено мажите кои се потполно искрени. Голем број жени знаат како е да се биде параноичен и постојано да се измачувате поради сомнежи кои на крај излегуваат дека се само плод на вашата имагинација.
2.Сите мажи се исти
Да разјасниме еднаш засекогаш. Не се сите мажи исти. Само затоа што некој ви го скршил срцето, не значи дека не постои маж кој тоа никогаш не би ви го сторил. Ако му го кажете тоа на вашиот партнер среде расправија, може да прекине да ве почитува и можете да останете сами поради реченица во која веројатно ниту самите не верувате туку сте ја изговориле во момент на фрустрација.
3.Не си добар во кревет
Било тоа вистина или не, да му се каже толку деликатна работа на така груб начин може засекогаш да го наруши вашиот однос. Мажот со скршено его тешко ќе закрепне. Ако не сте задоволни обидете се тоа да го решите со разговор и договор.
4.Мојот поранешен тоа никогаш не би го направил
Споредување на сегашното и поранешното момче води кон прекин на врската. Пред да ја кажете ова злобна забелешка, потсетете се дека со бившиот раскинавте поради добра причина, па не е возможно да е толку совршен каков што се обидувате да го прикажете. Прифатете го вашето сегашно момче таков каков што е, а не како би можел да биде.
5.Твојата мајка мора баш во се да се меша
Не е само мит дека мајките сакаат да се мешаат во животот на својот син и неговата избраничка. Во некои случаи тоа, за среќа, со текот на времето се менува, но некои жени едноставно ја немаат таа среќа. Голем број мажи се силно поврзани со својата мајка па ако му кажете дека неговата мајка е досадна, постои опасност тие зборови да му се врежат во меморија и никогаш да не ви прости. Затоа бидете суптилни и внимателно со зборовите колк и да се вистинити.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст