| четврток, 6 декември 2018 |

Голем љубовен хороскоп за Денот на вљубените

Дневен хороскоп за 14 февруари, празникот на љубовта и на виното

Овен 

Не заборавајте дека луѓето не се обврзани да го прават она што вие ќе го кажете и дека не може се да биде според вашиот план. Што побрзо го сфатите тоа, толку подобро за вас. Не преоптеретувајте се со ситни детали од секојдневниот живот, туку уживајте во спонтаноста.

Бик 

Она што викендов ќе ве израдува, е вкусниот ручек во пријатна атмосфера заедно со најблиските пријатели и семејството. Не претерувајте со консумирањето на прекумерна количина на храна, тоа може да му наштети на вашиот организам. Јадете умерено.

Близнаци 

Свесни сте дека сами најдобро се снаоѓате во задачите, но понекогаш имате потреба да се одморите и да не размислувате околу обврските. Ако планирате пат во странство или контакти со некои личности од далеку, очекувајте успех. Партнерските односи помалку се смируваат, но се уште не сте сигурни во партнерот.

Рак

Станувате се посигурни во себе и во она што го посакувате. Меѓутоа, многу одолговлекувате со одлуките. Анализата што ја правите може да ви помогне да ја задржите контролата, но може да се случи да пропуштите многу битни нешта. Ако сте во брак или подолга врска, не дозволувајте викендот да ви го расипе љубомората.

Лав

Не е својствено за вас, но секојдневно почнувате да оставате незавршени работи. Чувствувате замор и немате желба да се справувате со проблемите. Овој викенд ќе добиете признание за вашето залагање, но тоа ништо нема да ви значи. Повеќе сакате да добиете материјална сатисфакција околу празни зборови.

Девица 

Заборавете на вчерашниот ден и обидете се овој викенд да го започнете со нешто што ви причинува задоволство. Ова е вашиот среќен викенд, па затоа искористете го најдобро што можете и донесете важни одлуки.

Вага 

Работите полека се подобруваат. Имајте трпение и се ќе се врати во нормала. Викендов е за забава. Дури и да не планирате да излезете, неочекувано ќе добиете понуда. Не пропуштајте ја, ќе се претвори во нешто многу убаво.

Скорпија 

Ќе бидете разочарани од некој ваш близок, кој наместо да ви помогне после побараната помош, само ќе ви направи уште поголем хаос во мислите. Можеби е време да се потпрете на себе и да ги преземете работите во свои раце.

Стрелец 

Чувствувате некој отпор кон наметнатите обврски и како да сте фатени во стапица. Имате премногу добри идеи и желби, но луѓето од кои зависи вашиот резултат не можат да ве сфатат. Овој викенд ќе треба да вложите поголем труд за да убедите една личност во големината на вашите идеи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top