Една година по одлуката да ги повлече женските акти од своите страници, најпознатото машко списание во светот „Плејбој” повторно се враќа на својот препознатлив стил. Ова го навести синот на Хју Хефнер – Купер Хефнер (25), кој е сегашен уметнички директор на списанието.
Our March/April 2017 cover #NakedIsNormal https://t.co/FhCkcmnV0S pic.twitter.com/WSxMElDa94
— Playboy (@Playboy) February 13, 2017
Во објава на Твитер, тој вели дека исфрлањето на голотијата било грешка, па сега е време списанието да се врати кон својата автентичност. Во убавината на женското тело ќе може да уживаме веќе во претстојниот мартовски број. Сепак, на сметка на тоа, логото „Забава за мажи” ќе биде отстрането од корицата.
– Ние секогаш ќе бидеме лајфстајл списание, насочено првенствено кон она што ги интересира мажите, но како што и улогата на половите во општеството се менува, така треба и ние, вели Хефнер.
„Плејбој” е списание кое ги урива табуата и отворено говори за сексуалната слобода, но во истовреме поттикнува јавни расправи за тоа од социјален, философски и религиозен карактер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.