| четврток, 6 декември 2018 |

Закројување на лозовите насади во чест на Св. Трифун

sveti-trifun zakrojuvanje loza

На лозовите насади денеска традиционално ќе се изврши закројувањето на лозјата во чест на православниот празник Свети Трифун.

На закројувањето на лозовите насади во винарската визба „Тиквеш“ во Кавадарци ќе присуствува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков, кој, како што е најавено, ќе има средба со претставници на лозарските здруженија.

Празникот Свети Труфун ќе биде одбележан и во винаријата „Стоби“ во општина Градско, каде е најавено присуство на голем број дипломати, претставници од бизнис-секторот, вински витези.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top