| четврток, 6 декември 2018 |

Трамп: САД ќе реагираат жестоко на севернокорејскиот ракетен тест

САД ќе реагираат жестко како одговор на последното тестирање на балистичка ракета од страна на Северна Кореја, изјави денеска американскиот претседател Доналд Трамп.

– Северна Кореја претставува голем, голем проблем и ние ќе реагираме жестоко, изјави Трамп на заедничката прес-конференција со канадскиот премир Џастин Трудо, по нивната средба во Белата куќа.

Трамп нагласи дека последното севернокорејско лансирање на балистичка ракета, САД го сметаат како предизвик, најавувајќи дека Вашингтон ќе преземе „поцврста линија“ кон Пјонгјанг.

Северна Кореја вчера соопшти дека извршила успешно тестирање на нов тип балистичка рекета со „среден до голем дострел“. Според јужнокорејски воени извори, ракетата лансирана од западната провинција Северен Пјонган, достигнала висина од 550 километри, по што паднала во морето минувајќи растојание од 500 километри.

Трамп по првата официјална средба со Трудо по преземањето на претседателската функција нагласи и дека САД се „многу среќни што имаат сосед, каков што е Канада“.

Тој нагласи дека САД и Канада не споделуваат само заедничка граница, туку и заеднички вредности и одбранбени интереси.

– САД и Канада се посилни кога работат заедно, истакна Трамп, најавувајќи дека заедно со Трудо ќе соработива во остварувањето на „многу заеднички интереси“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top