Небојша Матиќ од Србија е несекојдневен работодавец и бизнисмен. Неговата компанија „Микроелектроника“ извезува во над 140 земји во светот. Во својата фабрика има вработено 86 работници на кои им е многу благодарен за својот успех.
Матиќ раскажува дека работодавецот не може ништо без вредни и одговорни работници.
Додава дека секој проблем се решава со комуникација, а кога работниците се задоволни, тогаш имаат и добри резултати на работа. Во неговата компанија работниците добивале 13, 14 и 15 плата.
– Сега тоа го сменив во зголемување на платата. Одлучив да им давам и до 100 отсто зголемување. Одлучив да ги „натерам“ да имаат трето и четврто дете. Им ветив дека месечно ќе им давам по 200 евра за трето и 400 евра за четврто дете. Не е тоа голем трошок, децата се најважни – вели Матиќ.
Додава дека со своите работници се дружи, работи, оди на риболов и слично. Тој има само една ќерка и затоа сака да ги мотивира работниците да имаат повеќе деца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


