| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе се вработат дополнителни 200 психолози, педагози и дефектолози во училиштата

Веќе шеста година по ред во сите училишта во Р. Македонија се спроведуваат индивидуални и групни советувања на родителите и учениците од страна на психолошко-педагошки служби во училиштата.

Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски денеска истакна училиштата располагаат со стручни тимови, а некои училишта дополнително ќе бидат засилени со вработување на уште 200 нови психолози, педагози и дефектолози. Досега се вработени 105 психолози ,13 педагози и 84 дефектолизи.

Советувањата од стручните служби начесто ги добиваат учениците и нивните родители кои во текот на воспитно образовниот процес несоодветно се однесуваат за нивната возраст, го намалиле успехот во учењето или неоправдано отсуствувале од настава. Паралелно се работи и со самите ученици преку стандардизирани програми.

Целта е подигнување на заинтересираноста и иницирање поголема вклученост на родителите во воспитно-образовниот процес на своето дете. Во првото полугодие на учебната 2016/2017 година реализирани се вкупно 5.176 советувања од кои 2.594 во средните училишта, 2.582 во основните училишта. Се работи за број на советувања, а не за број на родители и ученици, во многу случаи има повторувања со еден ист ученик кој имал средби со педагог или психолог, истакна заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски.

3.380 советувања се реализирани поради намален успех на ученикот, 1.425 советувања биле поради нередовност во наставата, 312 поради несоодветно однесување, а 59 советувања биле во Центрите за социјални работи за комплексни ситуации .

Ристовски информираше дека во изминатите 6 години реализирани се 75.000 советувања од кои 41.500 се советувања на родители и ученици во средните училишта. Генерално главната причина е намалениот успех за што се спроведени 45.000 советувања.

Ценам дека оваа исклучителна мерка е од исклучително значење за детектирање на причините и надминување на предизвиците со кои одредени ученици и нивните семејства се соочуваат со воспитно-образовниот процес, рече Ристовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top