Вчеравечер во 21.20 часот, по претходно добиена информација за лицето Н.М. (33) од Тетово, кој се бара за издржување казна затвор во траење од седум месеци, полициски службеници отишле на ул. „Киро Ристовски Дрнц“ каде што затекнале паркирано возило „форд фокус“ без регистарски таблици, во кое на совозачкото седиште во легната положба бил Н.М.
Кога ги забележал полициските службеници, ги заклучил вратите и се префрлил на возачкото седиште, по што го стартувал возилото. Најпрво тргнал наназад, а потоа тргнал нанапред и поминал веднаш покрај службеното возило, како и покрај едниот полициски службеник.
Со цел да го спречи во намерата да побегне, едниот од полициските службеници од службениот пиштол испукал три куршуми во воздух. Но, и покрај тоа Н.М. со возилото успеал да побегне во непознат правец.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)
-
Само кренат глас ќе се слушне: Полицајците во понеделник на марш низ Скопје
-
Убиецот од Мала Речица вечерва приведен во селото Гајре