| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија во декември ја посетиле 42.101 турист

skopje

Македонија лани во декември евидентира 42.101 турист кои оствариле 81.060 ноќевања што претставува зголемување од 4,4 отсто во споредба со истиот месец од претходната година, додека бројот на ноќевањата е зголемен за 4,7 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на домашните туристи во декември 2016 година, во однос на декември 2015 година, е намален за 5,3 проценти, а бројот на странските туристи е зголемен за 11,2 процента. Бројот, пак, на ноќевањата на домашните туристи е намален за 4,6 проценти, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 12,5 проценти.

Во периодот јануари­-декември 2016 година, во однос на претходната година, бројот на туристите е зголемен за 5 отсто. Кај домашните туристи има зголемување за 4,8 проценти, а кај странските за 5,1 процент. Бројот, пак, на ноќевањата пораснал за 2,8 отсто при што кај домашните туристи има зголемување за 3,6 проценти, а кај странските за 1,7 проценти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top