По одличниот старт во својот нов клуб и добрите игри кои ги забележа на почетокот на сезоната во Ница, италијанскиот напаѓач Марио Балотели се чини повторно се враќа на старите патеки со своето проблематично однесување. Тој беше на клупата пред две недели, а синоќа не беше во комбинација за настап и беше изоставен од тимот.
Неговиот соиграч, Валентин Ејсерик во саботата изјави дека Балотели треба малку повеќе да размислува за колективот и да работи понапорно за тимот, наместо да ја наведнува главата кога работите не одат во негова полза. Запрашан за овие коментари, Ејсерик изјави:
– Точно е, така кажав и искрено го мислев тоа. Ја зборувам вистината. Штета е што доаѓа со наведната глава на тренинзите, а е толку добар фудбалер. Изгледа како ништо да не сака да има со нас. Тоа е многу разочарувачко. Навистина може да ни биде од голема корист.
– Знаеме дека тренерот бара огромно залагање од сите во тимот. Не прифаќа никој да ја „тргне ногата од гаста“ и гледате дека тоа важи и за Марио Балотели, завршил Ејсерик.
Пред овие коментари од еден од најдобрите поединци на Ница оваа сезона, критики на сметка на Балотели стигнаа и од тренерот Лусиен Фавре.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.