Како продолжена рака на Сорос Цивил демонстрира врв на лицемерие и безобразлaк и покажа како не треба да делува граѓанска организација. Цивил се јави со соопштение, во кое се згрозени од наводен екстремизам во проекцијата на документарен филм за македонски револуционер, кој својот живот ѝ го посветил на Македонија – Андон Јанев Лазов – Ќосето.
„Некаде со добро, некаде со нож! – пораката на ВМРО-ДПМНЕ е јасна и ја слушаме со месеци наназад. Ова е отворен и директен повик на екстремно политичко насилство, што е кривично дело. И последниот повик на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ за „филмска проекција“ на филм за Ќосето, кореспондира со вокабуларот на водството на оваа партија“, пишува Цивил.
Цивил на дело ја демонстира својата дволичност и лицемерие, која е одлика и начин на работа на Соросовите организации јавувајќи се само со пресови и соопштенија кога тие ќе сакаат да ја манипулираат јавноста во насока на нивното размислување. Кога навистина имаме говор на омраза, повикување на убиство и текстови полни со некрофилија, никаде ги нема.
Цивил го немаше ни да го осуди Тито Беличанец – професор на Правниот факултет во Скопје и верен подржувач на Зоран Заев, кој на својот Фејсбук профил објави слика на која е претставен претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во мртовечки ковчег.
Цивил не најде згодно да реагира ни кога Бранко Тричковски во редица колумни, Фејсбук статуси и твитови повикуваше на ликвидација на Никола Груевски.
Цивил е уште една причина зошто и е потребна на Македонија десоросоизација. Граѓанско здружение, кое се јавува со осуда само кон луѓе и организации кои не се под чадорот на СДСМ и СОРОС, не е граѓанска организација, туку интересна заедница за манипулативно протуркување на ставови на една група индоктринирани луѓе. Тоа го докажаа неколкукратно во минатото – дека работат и дејствуваат како партиска испостава на СДСМ.
Уште поголем е проблемот кога таа граѓанска организација ќе се јави со осуда за наводен екстремизам кој никаде го нема. Туку е презентација на ликот и делот на еден македонски револуционер кој се борел за Македонија. И тој како и сите револуционери во светот убивал. Ако тоа е гревот на Ќосето, тогаш за екстремисти Цивил треба да ги прогласи и Џорџ Вашингтон и Абрахам Линколн од САД, Гарибалди од Италија, припадниците на Француската револуција и сите националноослободителни движења и нивните учесници.
Повеќе од сигурно е дека доколку Цивил беше во САД или во некоја друга западна демократија и вака нападнеше некој лик од националната историја кој се борел за независнот, одамна ќе беше избришана од Централниот регистар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.