Џејн Парк, најмладата добитничка на наградната игра „Евромилионс“ жали што уплатила добитно ливче.Таа имала само 17 години кога освоила милион фунти во 2013 година, и тоа и било прво ливче кое го уплатила.
Меѓутоа таа сега планира да ја тужи британската лотарија, бидејќи добила стрес покрај добивката.
Не и пречело што од тие пари купила две недвижнини.
-Очекував 10 пати подобар живот, но тоа не се случи. Напротив, стана полош. Често посакувам воопшто да немам пари, мојот живот би бил подобар. Луѓето веројатно мислат – уф, кога јас би ги имал тие пари…Но не разбираат колку сум под стрес. Имам материјални работи, но животот ми стана празен. Зошто ми е таков живот, што е смислата – рекла незадоволната богаташка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.