Рафаел ван дер Варт изненади многумина со одлуката минатото лето својата кариера да ја продолжи во Данска, потпишувајќи договор со Митјиланд. Во моментот на потписот на договорот екс-фудбалерот на Реал Мадрид со ентузијазам гледаше на новиот предизвик, но неполна година подоцна тој е свесен дека го повлекол погрешниот чекор, јавно изразувајќи разочараност од она што го гледа, како на теренот, така и на трибините.
– Фудбалот во Данска е за жалење. Имаме стадиони од по десетина илјади седишта, а едвај доаѓаат по 1.200 навивачи на натпреварите. Можеби фановите знаат што е добар фудбал, па затоа не доаѓаат да ја гледаат Првата лига во Данса, но во секој случај податокот е апсолутно поразителен – изјави Ван дер Варт.
Екс-капитенот на Ајакс има 34 години и доволно време за уште еден трансфер, па речиси сигурно е дека тој по завршувањето на сезонава ќе се реши за нов предизвик во кариерата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.