Мајк Илич е роден во 1929 година во Соединетите Американски Држави, а по потекло е од Македонија. Неговите родители биле македонски иселеници кои се доселиле во САД во 1924 година.
Мајк успеал да создаде сопствена продавница која подоцна ја претворил во успешна франшиза наречена „Little Caesars Pizza“ која денес е мошне позната и во Америка и во Канада. Исто така, тој е сопственик на хокеј клубот Ред Вингс, бејзбол тимот Тигри и 15% од НБА тимот на Пистонс, сите три од Детроит, Мичиген.
Имено, успехот на синџирот „Little Caesars Pizza“, му овозможил на Илич да инвестира и во други бизниси за храна, спорт и забава.
Списанието „Форбс“ го смести на 86-то место на листата на 400 најбогати Американци за 2016 година. Неговото богатство е проценето на околу шест милијарди долари.
Но, освен тоа што беше успешен бизнисмен, Мајк Илич беше и голем филантроп. Во 1985 година тој ја основал „The Little Caesars Love Kitchen“, една од неговите први филантропски активности. Овој ресторан кој патувал, бил основан со цел да ги нахрани гладните и да помогне со храна за време на национална катастрофа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст