П: Зошто мажените жени се подебели од слободните?
О: Немажената жена се враќа дома, погледнува што има во фрижидерот и оди на спиење, а мажената се враќа дома, погледнува што има во креветот и оди до фрижидерот!
П: Како маж прави план за иднина?
О: Купува две гајби пиво наместо една!
П: Зошто се кратки вицовите за русокоси?
O: За да можат мажите да ги запомнат!
П: Зошто мажот не може да биде убав и интелигентен во исто време?
О: Затоа што тогаш би бил жена.
П: Што имаат заедничко мажите и делфините?
О: Се зборува дека се интелигентни, но тоа не е докажано.
П: Зошто е толку тешко да се најде чувствителен, грижлив и убав маж?
О: Таквите веќе имаат момчиња!
Тој: Каде ги потроши парите што ти ги дадов за храна?
Таа: Застани странично и погледни се во огледало!
Тој: Не знам зошто го носиш тој градник кога немаш со што да го исполниш.
Таа: Па и ти носиш панталони, зар не?!
Тој: Ајде вечерва да смениме поза!
Таа: Добра идеја, ти застани пред штицата за пеглање, а јас ќе се испружам на каучот!
П: Која е разликата меѓу свиња и маж?
О: Свињата не се претвора во маж кога ќе се напие!
Мажот го прашува Бога:
„Боже, зошто си ја создал толку убава жената?“
Бог му одговара: „За да ја сакаш.“
А мажот на тоа: „Но, Боже, зошто си ја создал толку глупава?“
Бог му одговара:
„За да те сака тебе!“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.