| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Победата ја добивме со труд и работа

ВМРО-ДПМНЕ ги доби речиси истиот број гласови како и во 2014 година и тоа покажува дека сме имале кристална победа бидејки се зборуваше спротивното. Со такви објаснувања СДСМ излезе од парламентот и иако немаа докази почнаа да си веруваат. Од кога добија министри во владата, директор во МТВ и што ли уште не во неколку наврати поради одлагањето на изборите на нивно барање, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во неговото интервју на ТВ Нова.

Говорејки за пред изборниот процес тој порача:
– Ние ги задржавме гласовите од 2014 која беше една од најтешките. Тоа ни е десетта победа без пораз на изборите. Тоа е изработено, не е паднато од небо со многу труд, работа и многу откажувања. Задоволството доаѓа кога граѓаните ќе го поздрават тоа. По таа победа имаеѓ обид за пост изборен инженеринг. На овие избори иако сите викаме дека беа чисти сепак имаше една година на сериозно влијание однадвор, за да се влошат позициите на Коалиција за подобра Македонија а да се подобрат на СДСМ. Одредени фактори однадвор правеа се да му помогнат на СДСМ. Одредени дипломати и држави со сите сили се обидоа да биде попосакуван а ВМРО-ДПМНЕ што по оцрнет и во непријатна ситуација, рече Груевски.

– СДСМ на овие избори извади многу пари, што не е прикажано во нивните извештаи, тоа беше видливо на терен дека потрошија многу повеќе пари од ВМРО-ДПМНЕ иако тоа го нема во извештаите. Јас мислам дека голем дел од тие средства ги добиле однадвор, но времето ќего покаже тоа. ВМРО-ДПМНЕ беше торпедирано, со хајка против раководството и организирана криза која не дојде случајно долего подготвувана. СДСМ немаа ни 1% да организираат таква криза, тие беа инструмент. Тие беа посакувани да дојдат за да спроведат нешто што ние не сме сакале. Во таква атмосфера извлековме максимум. Некои ми рекоа дека нема партија која ќе издржи такво нешто, оценува лидерот на ВМРО – ДПМНЕ.

Груевски во интервјуто рече дека никој не троши толку пари за забава, тоа се прави за цел. Тие што инвестирале во СДСМ инвестирале во таа своја цел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top