| четврток, 6 декември 2018 |

Русија го порамни долгот на СССР кон Македонија

Русија го порамни долгот на поранешниот СССР кон Македонија во износ од 60,6 милиони долари, јави ТАСС.

Руското Министерство за финансии соопшти дека ова е делот кој припаѓа на Македонија од долгот на СССР, настанат во рамките на трговско-економската соработка со СФРЈ за време на советскиот период.

Во моментов, единствената земја од доверителите на поранешниот СССР, со која Русија не ги уредила финансиските односи е Босна и Херцеговина.

Во 2016 година беше постигнат прелиминарен договор меѓу Русија и Босна и Херцеговина за порамнување на долгот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top