| четврток, 6 декември 2018 |

Екстра понуда за стогодишнината: Американските Девствени Острови ќе ви платат по 300 долари за одморот

Туристите кои ова лето ќе посетат некој од Американските Девствени Острови ќе добијат по 300 долари потрошувачки кредит, решија локалните власти.

На овој начин ќе се одбележи стогодишнината откако овие острови станаа дел од САД, кои ги купија од Данска за 25 милиони долари во злато.

Единствен услов е гостите на некој од островите да минат повеќе од три дена, а терминот на доаѓање мора да се резервира пред 1 октомври 2017 година, пишува „Брајт Сајд“.

Парите ќе се доделуваат во форма на разни ваучери, кои туристите можат да ги потрошат на нуркање, излети и слични активности.

Оние кои на островите ќе се најдат во текот на март, кога ќе се одржи свеченоста по повод одбележувањето на јубилејот, ќе добијат и посебен подарок, но се уште не се знае за што станува збор.

Карипската земја се состои од неколку острови, од кои најголеми се Сент Кроа, Сент Џон и Сент Томас. На овие три острови има 35 хотели и сите се согласиле да учествуваат во оваа понуда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top