| четврток, 6 декември 2018 |

Неможе да најдете работа? Пробајте ја стратегијата на ова момче и ќе го воодушевите секој работодавач

Еден од ефектите на глобалната економска криза е губење на работа кој им се случи на половина милион луѓе ширум светот. Кога ќе се најдете во ваков проблем, принудени сте очајнички да трагате по нова работа, а вашите квалификации и квалитетот не мора секогаш да бидат одлучувачки.

Лукас Ила од најтесниот круг на кандидати се одделил по начинот на кој ја предал своојата биографија.

Имено, момчето од Вилнус кој по струка е специјалист за маркетинг, се преквалификувал себе си во курир за еден ден и со крофни во рака ја донел и својата биографија. По се изгледа добро ја завршил својата работа. Добил ново вработување и тоа во Сан Франциско каде конкуренцијата во оваа бранша е поголем од што во неговиот роден Вилнус.

-На овој потег гледав како на предизвик. Добро е познато дека многумина луѓе сакаат крофни, па затоа сметав на позитивно расположение во моментот кога мојата биографија ќе биде во нивни раце. Среќен сум поради тоа што успеав“, вели Лукас Ила, а пренесува британски Метро.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top