Одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ги смени амбасадорите кои ги именувала претходната администрација не се однесува ниту на еден американски дипломат на служба во Западен Балкан, бидејќи ниту еден од нив не е политички именуван, пишува порталот „Јуропиан Вестерн Балканс“.
Со други зборови, амбасадорите на САД од регионот нема да бидат вратени во земјата со декрет, туку ќе останат до истекот на мандатот, иако речиси на сите мандатот им завршува кон крајот на оваа или на почетокот на следната година.
Имено, Трамп уште во декември, веднаш по изборот за претседател, ги повика сите амбасадори кои се политички именувани да ги напуштат своите функции најдоцна до 20 јануари, што предизвика збрка во дипломатската заедница и медиумите, кои проценија дека станува збор за голем број амбасадори.
Информацијата дека амбасадорите ќе мора да ги напуштат своите функции ја заинтересира и јавноста на Западен Балкан, бидејќи американските дипломати во тие земји во најшироката јавност се доживуваат како значајни политички актери на домашните сцени, пренесува Танјуг.
Факт е, меѓутоа, дека сите високи дипломати во земјите од регионот се дипломати од кариера, кои немаат врска со старата или новата администрација, а во земјите од регионот, освен амбасадорот во Србија, сите дошле на почетокот на 2015 година, посочува „Јуропиан Вестерн Балканс“.
Бидејќи мандатот им трае околу три години, може да се очекува дека новите амбасадори во земјите од Западен Балкан ќе дојдат кон крајот на оваа или на почетокот на следната година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст