Овие денови на интернет се појави неверојатно видео од змија каде жена стрпливо и го масира телото, за да на крајот од устата излезе тениско топче. Се почнало во понеделникот, кога една госпоѓа во Австралија забележала питон кој изгледал малку чудно.
Веднаш ја повикала службата надлежна за змии, а на терен излегол Брајан Вест.
-Често пронаоѓаме необична работа во стомакот на змија, како што се топчиња за голф или порцеланско јајце. Ова беше прв па да имавме работа со тениско топче, вели Вест.
За отстраување на тениското топче задолжена била ветеринарката Триш Преднергаст. Таа змијата најпрво ја премачкала со масло, а потоа нежно ја масирала по грбот во правец на устата. Така топчето успеало да стигне до устата и да го исфрли надвор. Постапката траела околу еден час.
-Морав да бидам внимателна затоа што пресилен притисок можеше да ги скрши нејзините ребра или внатрешни органи, изјавила Преднергаст.
Подоцна објаснила како змијата го изела топчето, кое веројатно мирисало на храна, можеби на жаба, пренесува британски Телеграф.
Змијата потоа била прегледана со ултразвук за да се утврди дека не е скршена ниту една коска. Да не и била пружена помош веројатно би умрела од глад, затоа што тениското топче не би можело да се свари како храната.
Видеото од спасувањето на змијата досега е прегледано повеќе од милион пати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст