Федералниот апелационен суд одби да ја спроведе извршната наредба на претседателот на САД, Доналд Трамп, којашто на патниците од седум држави со мнозинско муслиманско население им беше забрането да влезат во САД.
На оваа одлука веднаш реагираше и претседателот Трамп, кој на Твитер напиша “Се гледаме на суд, безбедноста на нашата нација е во прашање.”
Понискиот суд во Сиетл привремено ја забрани извршната наредба, а адвокатите на американското Министерство за правда поднесоа жалба до Деветтиот Апелационен суд за одлуката.
Комисијата од тројца судии од Деветтиот Апелациониот суд на САД одбија да го блокираат спроведувањето на одлуката на понискиот суд кој ја суспендираше извршната наредба. Овој суд е најголем од 13 апелациони судови со 29 активни членови. Седиштето му е во Сан Франциско, но често се среќаваат и во Сиетл, Портланд и Пасадена. Судиите често патуваат во други градови за да го решат случајот, а заработуваат повеќе од 16.600 евра месечно, што е за половина помалку од примањата на претседателот Трамп кој според Уставот треба да добива 31.350 евра месечно. Колку за потсетување, тој во средината на ноември изјави дека се откажува од неговата плата и дека ќе ги прифати само еден долар (нешто помалку од едно евро).
Судиите Ричард Р. Клифтон, Вилијам Канби и Мишел Т. Фридленд велат дека претседателот има право да донесува одлуки за мигрантската политика, но додадоа дека судовите имаат право да проценат дали овие одлуки се во согласност со Уставот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст