| четврток, 6 декември 2018 |

Мис Универзум Данска остана без титулата поради врски со меѓународен криминал

На Мис Универзум Данска остана без титулата поради поврзаност со криминална организација откако на нејзиното поранешно момче му била запленета јахта вредна 100. милиони долари, во склоп на истрагата за перење пари.

Кристина Микелсен се најде во истрагата која полицијата ја води против нејзиниот поранешен партнер Теодорин Обианг, потпретседател на Екваторијална Гвинеја и син на претседателот. Јахтата ја заплениле данските власти во декември на барање на швајцарската влада.

Швајцарија наводно веќе долго време го истражува Обианг поради наводите дека државни пари трошел во сопствена корист.

Кристина и Теодорин се запознале во 2013 година откако преку агенција за модели ја повикале во Екваторијална Гвинеја, а подоцна нивната средба таа ја опишала:

– Многу брзо почнавме да разговараме и уште на почетокот меѓу нас имаше силна хемија – рекла Кристина.

Освен тоа, околу убавата Кристина се крена прашина и откако ги обвини своите вработени дека се обидуваат јавно да ја деградираат поради килажата. Таа го нападна Џон Пол Хамилтон де Восa затоа што ѝ рекол дека мора да изгуби осум килограми пред натпреварот за Мис Универзум и покрај тоа што имала само 54 килограми на 174 см висина.

Де Воса признал дека и пратил порака дека би требало малку да ослабне, но дека само сакал да каже осум (тамошна мерка за маса) што изнесува околу четири килограми.

За данските медиуми рекол дека повеќе нема никаква врска со Мис Универзум Данска и дека повеќе не ни живее во земјата, а за Кристина вели дека дел измислила, а дел извлекла од контекстот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top