| четврток, 6 декември 2018 |

Таа е сопруга на милијардерот Абрамович, има одличен стил и совршено тело (Фото)

Позната е како сопруга на рускиот милијардер Роман Абрамович, но и по атрактивниот изглед, стил, модното влијание и блиското пријателство со дизајнерката Стела Макартни. Убавицата Даша Жукова од година во година го промовира сè подобриот стил на облекување.

sopruga-na-ruski-milijarder-dasha-04

Сопругата на Роман Абрамович оваа година ќе наполни 36 години. Со рускиот милијардер е во брак од 2008-та година и имаат две деца, синот Арон Александар (8) и Лea Лу (4). Децата се родени во Америка.
sopruga-na-ruski-milijarder-dasha-03
Модниот свет ја оценува Даша како жена со неверојатен стил. Иако многумина коментираа дека таа се омажила со Роман само поради парите, вистината е дека Жукова поттикнува од богата фамилија.

Нејзиниот татко е Александар Жуков, познат бизнисмен во нафтената индустрија, а мајка ѝ Јелена се занимава со молекуларна биологија. Нејзините родители се развеле кога таа имала само три години. Даша израснала во Лос Анџелес и дипломирала на Универзитетот во Калифорнија, на катедрата по словенска книжевност.
sopruga-na-ruski-milijarder-dasha-06

По венчавката со Абрамович, таа се вратила во Москва, од каде што се преселила во Лондон и запишала медицински факултет, но не го завршила.

provokativna-no-so-stil-zenata-na-koja-padna-ruskiot-milijarder-foto-05

Нејзиното широко образование ѝ овозможило таа да се бави со различни професии, меѓу кои спаѓаат и полињата во кои таа е најдобра: модата и уметноста.

MIAMI, FL - DECEMBER 01:  Dasha Zhukova attends the Art Basel Preview on December 1, 2010 in Miami, Florida.  (Photo by Venturelli/WireImage) *** Local Caption *** Dasha Zhukova

MIAMI, FL – DECEMBER 01: Dasha Zhukova attends the Art Basel Preview on December 1, 2010 in Miami, Florida. (Photo by Venturelli/WireImage) *** Local Caption *** Dasha Zhukova

Знаењето и искуството во модниот свет, Даша го докажува преку своите стилови, а споредувајќи ги нејзините фотографии од минатото со овие денес, таа докажува и дека модниот вкус низ времето се менувал на подобро.

Таа и Роман важат за еден од паровите со најдобар стил во модниот свет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top