| четврток, 6 декември 2018 |

Секој маж сака некој да се грижи за него – Чола раскажа како го освоила Александра

col

Љубовта на Здравко Чолиќ и неговата сопруга Александра не е многу експонирана во јавноста, па речиси никој не знае како тие се запознале. Порано Чола, на прашањето како го освоила Александра изјавил:

-Секој маж сака некој да се грижи за него. Мислам дека тоа беше пресудно. Се запознавме одамна во Макарска, Александра студираше во Белград, продолживме да се гледаме, а со тек на време почнавме и да се забавуваме. Ме освои со својата едноставност и приврзаност. Ми се посвети, мисли за мене, се секира…Човек некако ја препознава личноста која со задоволство повторно би ја видел, фаќа некоја емоција која без зборови кажува дека и е грижа за него. Тоа не можам да го објаснам, бидејќи пред тебе може да биде најубавата или најпаметната жена, а едвај да чекаш да одиш од неа. Виша сила одредува зошто се некои луѓе заедно, а други не. Аурата на Сандра и мојата се препознаа, што веројатно беше доволно за влез во некоја нова димензија на поврзаност – рекол Здравко.

cola

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top