Денешното издание на „Дејли мирор“ ја пренесе информацијата дека актуелниот шампион на Италија, Јувентус испратил понуда до Алексис Санчез, која не се одбива.
Според овој извор, „старата дама“ е подготвенa да го направи убедливо најплатен играч на Апенините со неделна плата од 250 до 270 илјади евра.
Чилеанецот сѐ уште го нема продолжено договорот со Арсенал кој му истекува на крајот од следната сезона, и доколку не се договори со челниците на „топџиите“, тогаш ќе ги стави пред свршен чин бидејќи летниот преоден рок ќе биде последен кога ќе можат да заработат нешто од фантастичниот напаѓач.
Јувентус го посакуваше Алексис уште во 2011 година кога настапуваше за Удинезе, но тогаш тој одлучи да ги засили редовите на Барселона, и можеби сега е време за реализација на старата љубов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Каменос се закани дека ќе ја напушти владата, кога Договорот од Преспа ќе дојде во парламентот
-
Кувелис: Договорот од Преспа ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент