| четврток, 6 декември 2018 |

Повеќе од 400 китови заринкани на плажа во Нов Зеланд – 300 загинати

Неколку стотици граѓани на Нов Зеланд учествуваа во акцијата за спасување на китовите кои се заринкаа на брегот Фервел Сплит на Јужниот остров.

Заглавени се 416 китови, а досега загинаа повеќе од 300 – што е најлошиот ваков случај во Нов Зеланд досега.

За преживеаните китови се грижи локалното население кое ги одржува нивните температури ладни и се обидува да ги смири.

novi-zeland-nasukani-kitovi-foto-reuters-2

Научниците не знаат зошто и што придонело толку многу китови да се насукаат. Понекогаш се случува постари, болни или повредени китови да направат грешка и да влезат во плитките води од кои не можат да излезат.

Се случува и еден од нив, кога ќе се најде во ваква ситуација, да им испрати сигнал на останатите кои доаѓајќи по сигналот завршуваат како него.

novi-zeland-nasukani-kitovi-foto-reuters-1

– Успеавме да вратиме во вода неколку китови, но има премногу мртви во плитките води. Тоа е навистина многу, многу тажно. Една од најубавите работи е што оние неколку китови кои успеавме да ги вратиме во длабоките води веднаш ги заследија нивните младенчиња па така се спасија повеќе одеднаш – изјави волонтерката Ана Вајлс.

Експертите велат дека плитката вода ги буни китовите и ја попречува нивната способност за навигација. Во февруари 2015 година околу 200 китови се насукаа на истото место од кои речиси половина починале.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top