Американскиот претседател Доналд Трамп нагласи дека САД ќе ја почитуваат политиката „една Кина“ во првиот срдечен телефонски разговор со претседателот на Кина, Си Џинпинг, соопшти Белата куќа.
Во соопштение се вели дека Трами и Си имале долг и срдечен разговор и дека американскиот претседател го поддржал барањето на кинескиот претседател за политика „една Кина“. Двајцата лидери истакнале дека по решавањето на прашањето за поддршка на политиката за „една Кина“ односите меѓу двете држави може да бидат подобрени.
Кинеските медиуми пренесоа дека Си ја поздравил поддршката од Трамп и нагласил дека „верува дека САД и Кина се кооперативни партнери и со меѓусебни напори може да ги покренат билатерални односи на на повисоко ниво“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.